29 мај – Ведрината се темели на пријателството со Исуса

„А Исус веднаш им проговори и рече: ‘Бидете храбри! Јас Сум! Не бојте се.’“ (Матеј 14,27)

Христијаните треба да бидат најведрите и најсреќните луѓе што постојат. Тие ја имаат свесноста дека Бог е нивен Татко и нивен вечен Пријател… Сите оние кои навистина, преку лично искуство, се запознале со љубовта и нежната сомилост на нашиот Небесен Татко, ќе шират светлина и радост каде и да се наоѓаат. Нивното присуство и влијание за нивните соработници ќе бидат како пријатен мирис, затоа што се поврзани со Бога и небото, а чистотата и возвишената небесна убавина преку нив им се пренесуваат на сите кои доаѓаат под нивно влијание. (Порака до младите, стр. 363. оригинал)

Нашиот Спасител бил окупиран со длабоко размислување и необично сериозен, но никогаш не бил мрачен и нерасположен. Оние што го следат Него, ќе вложуваат напори да ја постигнат својата животна цел; длабоко ќе бидат свесни за својата одговорност. Лекомисленоста ќе биде совладана; нема да има незауздана забава, неучтиво подбивање, зашто Исусовата религија дава мир што тече како река. Таа не ја задушува светлината на радоста; не ја ограничува веселбата, не навлекува облаци врз блескотното, насмеано лице. (Патот кон Христа, стр. 120. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest