4 ноември – Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

„И ние ви го проповедаме Евангелието за ветувањето дадено на татковците, дека Бог го исполни на нас, нивните деца, кога Го воскресна Исуса, како што е напишано во вториот псалм: ‘Ти си Мој Син, Јас Те родив денес.’“ (Дела 13,32.33)

Секој вистински ученик се раѓа за Божјето царство како мисионер. Оној што пие од водата станува извор на животот. Примателот станува давател. Христовата милост во душата е како извор в пустина што извира да ги освежи сите, и кај оние што се пред смрт да создаде желба да пијат од водата на животот. (Копнежот на вековите, стр. 195. оригинал)

За време на својата служба, Исус постојано им укажувал на учениците на фактот дека, како учесници во Неговото дело на ослободување на светот од ропството на гревот, мора да бидат обединети со Него. Кога ги пратил дванаесеттемина, а подоцна седумдесеттемина да го објавуваат Божјето царство, им ставил во должност да им го пренесуваат на другите она со што Тој ги запознал. Во целокупното свое дело Тој ги приготвил за лична работа што морала сѐ повеќе да се шири како што се зголемувал и бројот на нивните членови, така што на крај да допре до најоддалечените краишта на земјата. Последна поука што им ја дал на своите следбеници била – ним им е доверена радосна порака на спасение за да му ја објават на светот. (Делата на апостолите, стр. 32. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest