24 октомври – Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ

„Откако го рече тоа им ги покажа рацете и ребрата. И учениците се зарадуваа, кога Го видоа Господа.“ (Јован 20,20)

Кога стигнале во Ерусалим, двајцата ученици поминале низ источната капија која за време на празникот е отворена ноќе. Куќите потонале во мрак и тишина, но патниците оделе низ тесните улици осветлени со светлината на месечината што изгревала. Се упатиле во Горната соба во која Исус ги поминал миговите на последната вечера пред својата смрт. Знаеле дека овде ќе ги најдат своите браќа. Иако било доцна, знаеле дека учениците нема да заспијат додека сигурно не дознаат што се случило со телото на нивниот Господ. Вратата на собата била цврсто заклучена. Тропале за да ги пуштат, но немало одговор. Сè било мирно. Тогаш ги кажале своите имиња. Вратата внимателно е отклучена. Влегле, но со нив влегол уште еден невидлив. Потоа вратата повторно е заклучена за да не влезат шпиони.

Патниците ги затекле сите присутни изненадени и возбудени. Гласовите на оние во просторијата бргу се слеале во заедничка благодарност и славење, велејќи: „Навистина Господ воскресна и му се јави на Симона“. Тогаш двајцата патници, задишени од брзото одење, изнеле восхитувачки извештај за тоа како Исус им се открил. Штотуку завршиле а некои рекле дека не можат да поверуваат во тоа, зашто премногу е убаво за да биде вистинито, кога, наеднаш, пред нив застанува едно друго лице. Секое око било приковано за Странецот. Никој не тропнал да влезе. Не се слушнале никакви чекори. Учениците биле изненадени и се прашувале што значи тоа. Тогаш слушнале глас што можел да биде само гласот на нивниот Учител. Јасно и разбирливо од неговите усни излегле зборовите: „Мир вам!“…

Ги набљудувале рацете и нозете сурово повредени со грубите клинови. Го препознале неговиот глас кој не бил сличен на ниеден друг што кога и да е го чуле. „А бидејќи тие од радост уште не веруваа, туку се чудеа, им рече: ‘Имате ли тука нешто за јадење?’ И му дадоа парче печена риба. Тој ја зеде и ја јадеше пред нив“. „Учениците се израдуваа кога го видоа Господа“. Неверството се заменило со вера, со радост и со длабоки чувства што не можат да се искажат со зборови, и го признале својот воскреснат Спасител. (Копнежот на вековите, стр. 802.803. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest