30 јануари – Во Неговото светилиште

„И сега ја кревам главата над непријателите што ме опкружуваат. Ќе принесувам радосни жртви во Неговиот шатор, ќе пеам и ќе се радувам во Господа.“ (Псалм 27,6)

„Мене ме почитува оној“, вели Творецот, „кој принесува жртва благодарница”. Сите небесни жители се соединуваат во оддавањето похвала и слава на Господа. Да ја учиме и ние уште додека сме овде песната на ангелите за да можеме да ја пееме заедно со нив кога еднаш ќе се придружиме кон нивните сјајни редови. Да кажеме со псалмистот: „Ќе го фалам Господа додека сум жив; ќе му пеам на мојот Бог додека постојам“. „Да те слават народите, Боже да те слават сите народи“. (Патријарси и пророци, стр. 289. оригинал)

Мораме да настојуваме секој верски собир да биде оживеан со духовната свест дека тука се присутни Бог и Неговите ангели и дека тие соработуваат со сите вистински обожувачи… Местото за богослужение може да биде многу скромно, но поради тоа Бог нема помалку да го цени. Тоа ќе биде како небесна врата за оние кои го слават Бога во дух и вистина и во убавината на светоста. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 362. оригинал)

Божјиот храм е отворен на небото и влезот му е преплавен со слава која се излева на секоја црква на оние кои го љубат Бога и ги држат Неговите заповеди. Мораме да учиме, да размислуваме и да се молиме. Тогаш ќе имаме духовен вид за да можеме да ја видиме внатрешноста на небесниот храм. Ние ќе имаме дел од темите на песните и изразите на благодарност на небесниот хор околу престолот. Кога Сион ќе се издигне и ќе заблеска, неговата светлина ќе биде најпродорна, а на собирите на светиите ќе се слушнат песни на слава и благодарност. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 368. оригинал)

„Блажени се оние што живеат во Твојот дом, кои Те слават цел ден!… Подобар е еден ден во Твоите дворови отколку илјада дена надвор!“ (Псалм 84,4.10; според преводот на Мофат)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest