11 јануари – Оној чиј помошник е Бог

„Блажен е оној, кому му е помошник: Јакововиот Бог, чија надеж е во Господа, неговиот Бог.“ (Псалм 146,5)

Кога бегал од домот на својот татко, откако згрешил, измамувајќи го Исава, Јаков бил оптоварен со чувство на вина. Осамен и во прогонство, одвоен од сѐ што на неговиот живот му давало полнина, неговата душа повеќе од сѐ ја мачела мисла, страв неговиот грев да не го одвоил од Бога, да не го отфрлило Небото. Скршен од жалост, легнал на гола земја да се одмори, опкружен со осамени ритчиња и со ѕвездено небо над себе. Додека спиел, го обзела чудна светлина и тој видел како од полјанката на која лежел се издигнуваат нејасни контури на бескрајна скала кон небото сѐ до небесната врата, скала полна со Божји ангели кои се качувале и слегувале, а од славните височини слушал божествен глас кој му објавувал вест на утеха и надеж. Така Јаков го запознал Оној што ќе ги задоволи потребите и копнежите на неговата душа ­ Спасителот. Исполнет со радост и благодарност, го гледал покажаниот пат на кој тој, грешник, може да има заедница со Бога. (Патот кон Христа, стр. 19. оригинал)

Историјата на Јакова е исто така доказ дека Бог нема да ги отфрли оние што биле измамени и наведени на грев, но со вистинско покајание се вратиле на вистинскиот пат. (Патријарси и пророци, стр. 202. оригинал)

„О, блажен е оној кому вината му е простена, и гревот негов покриен! О, блажен е оној кого Вечниот го ослободил, чиј дух направил целосно признание!“ (Псалм 32,1.2; според преводот на Мофат)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest