27 август – Остануваат само горчливи каења

„Ја снема радоста од нашите срца, нашето играње се претвори во тажење. Венецот падна од нашата глава, тешко ни нам што згрешивме!“ (Плач Еремиин 5,15.16)

Mнoгуминa ги привлeкувa живoтoт испoлнeт сo сeбични и тeлeсни зaдoвoлствa. Tиe нe мoжaт дa ги сoглeдaaт скриeнитe oпaснoсти, ниту стрaшниoт крaj нa пaтeкaтa, кoja зa нив изглeдa кaкo пaт кoн срeќaтa. Tиe ja трoшaт свojaтa eнeргиja вo пoпуштaњe нa aпeтитoт и стрaститe и нa тoj нaчин милиoни сe изгубeни зa oвoj и зa свeтoт штo ќe дojдe. (Здравје и среќа, стр. 371. оригинал)

Вистинскиот христијанин нема да посака да оди на место за забава или да учествува во каква било рекреација за која не би можел да побара Божји благослов. Нема да се најде во театар, во сала за билијард или во куглана. Нема да им се придружува на веселите танчари на валцер, ниту ќе се препушта на какво било друго примамливо задоволство што би го оттурнало Христа од неговите мисли.…

Кога ќе дојде нашиот последен час и ќе застанеме лице в лице со записот на нашиот живот, дали ќе жалиме што сме присуствувале на толку малку забави? Дека сме учествувале во толку малку сцени на безгрижна веселба? Зарем нема, напротив, горко да жалиме што толку многу драгоцени часови сме ги потрошиле во лични задоволства, што сме занемариле толку многу можности кои, ако правилно ги искористевме, ќе ни обезбедеа бесмртно богатство? (Порака до младите, стр. 398. оригинал)

13 септември - Песните на пофалба можат да ги отстранат грижите
12 септември - И природата пее
11 септември - Песните носат радост и веселба
10 септември - Песната е дел од богослужението
9 септември - Веселата песна ги издигнува мислите
8 септември - Веселата песна е оружје против обесхрабрувањата
7 септември - Пејте радосно
6 септември - Пофалбата го зајакнува телото и душата
5 септември - Со радосен глас
4 септември - Во домовите на праведните

Pin It on Pinterest