19 јануари – Се радувам што Бог ми е помошник

„Ти ми стана помош, радосно извикувам во сенката на Твоите крилја.“ (Псалм 63,7)

Христијанинот секогаш ќе има силен помошник во Бога. Можеби нема да можеме да ги разбереме начините на кои Господ ќе ни помогне, но едно знаеме: Тој никогаш не ги остава оние кои се надеваат во Него! Кога христијаните би знаеле колку пати Господ го пренасочил патот по кој одат тие, за да не се остварат намерите на непријателот, не би се препнувале често и не би се жалеле. Нивната вера во Бога би била толку цврста, што никакво искушение не би можело да ги поколеба. Тие би го признале за своја мудрост и сила и Тој би направил преку нив да се оствари она што го посакува. (Пророци и цареви, стр. 576. оригинал)

Треба да бидеме едно со Христа како што Тој е едно со Отецот, и Отецот ќе нѐ сака како што Го љуби Својот Син. Можеме да ја имаме истата помош што ја имаше Христос, можеме да имаме сила за секоја вонредна состојба; зашто Бог ќе биде наша предна и задна стража. Тој ќе нѐ опкружи од сите страни. (Testimonies to Ministers, p. 386)

„Среќен е човекот кој престојува во засолништето на Севишниот, кој живее под сенката на Семоќниот Бог, кој Го нарекува Вечниот: ‘Мое прибежиште и моја тврдина, мој Бог во Кого верувам!’“ (Псалм 91,1.2 според преводот на Мофат)

Човекот е немоќен ако се надева во сопствената сила, но со Божјата станува толку силен што не само што може да го победи злото туку може да им помогне и на другите да го победат. Сатаната никогаш не може да завладее со оној кој ќе се стави под Божја заштита. (Пророци и цареви стр. 175. оригинал)

Затоа да не ја отфрламе нашата доверба, да бидеме потполно сигурни, посигурни од кога и да е порано. „Довде ни помогна Господ“, и ќе ни помага сѐ до крај! (Паот кон Христа стр. 125. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest