28 мај – Радоста треба да владее меѓу светите собири

„Господ над Војските зборува вака: ‘Постот на четвртиот, постот на петтиот, постот на седмиот и постот на десеттиот месец ќе станат радост, веселба и радосни празници за Јудиниот дом. Но љубете ги вистината и мирот!’“ (Захарија 8,19)

Нашите собири треба да бидат исклучително интересни. Тие треба да бидат исполнети со самата атмосфера на небото. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 609. оригинал)

Тие треба да се третираат со најголема свеченост и почит, но сепак во нив треба да се внесе и сета можна пријатност. Состаноците не смеат да бидат толку долги и да заморуваат, зашто со тоа на младината ќе се остави неповолен впечаток, така што верата ќе ја доведуваат во врска со сè што е сувопарно и неинтересно; поради тоа, многумина ќе го стават своето влијание на страна на непријателот, додека ако правилно бидат поучени, би можеле да бидат благослов за светот и за црквата… Социјалните собири и сите други религиозни активности треба да бидат така планирани и водени, што нема да бидат само корисни, туку и толку пријатни што ќе бидат позитивно привлечни. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 174. оригинал)

Божјата црква на земјата е едно со Неговата црква на небото. Верниците на земјата и небесните суштества кои никогаш не паднале сочинуваат една црква. Секое небесно суштество е заинтересирано за собирите на светиите на земјата кои се состануваат за да го слават Бога… Додека ангелите се напојуваат од самиот извор, светиите на земјата пијат од чистата река која истекува од престолот, река која го украсува градот на нашиот Бог. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 366. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest