27 септември – Победниците ќе имаат Божји харфи

„И видов нешто како стаклено море, измешано со оган, и оние кои го победија Ѕверот и неговиот лик и бројот на неговото име, – стоеја на стакленото море и имаа Божји китари, и ја пееја песната на Мојсеја, Божјиот слуга, и песната на Јагнето, велејќи: „Големи се и прекрасни Твоите дела Господи Боже, Сèдржителу! Праведни и вистински се Твоите патишта – Цару на народите.“ (Откровение 15,2.3)

Пред да влезат во светиот град, Спасителот своите следбеници ги чести со победнички признанија и ги облекува во знаци на царско достоинство. Околу нивниот Цар, чијашто величествена става е многу повисока од ставата на светите и на ангелите, а лицето му зрачи неискажлива љубов, се поставени сјајни редови во вид на празен четириаголник. Секој поглед на ова безбројно мноштво спасени е насочен кон него; секое око ја гледа славата на Оној чиешто лице „беше нечовечки обезобразено та не личеше повеќе на човек“ (Исаија 52,14). На главата на секој победник Исус со својата десница става славна круна што го носи неговото лично „ново име“ (Откровение 2,17) и натпис: „Посветен на Господа!“ На секоја рака ѝ се дава победничка палма и блескотна харфа. А потоа, на знак на ангелот кој дава интонација, секоја рака вешто свири на жиците на харфата, измамувајќи од нив слатка музика, богати и мелодични акорди. Секое срце трепери од неискажлива милина, и секој глас се слева во заедничка песна на благодарност: „Нему, кој нѐ љуби и кој нѐ ослободи од нашите гревови преку својата крв, и нѐ направи царство, свештеници на својот Бог и Отец – нему слава и власт во вечни векови! Амин“ (Откровение 1,5.6). (Големата борба, стр. 645. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest