16 Септември
Зашто е голем Светецот Израелев
„Воскликнувајте и радувајте се, жители на Сион, зашто голем е меѓу тебе Израелевиот Светец!“ (Исаија 12,6)
Кога Христовата светлина свети во душата, усните ќе бидат исполнети со пофалба и благодарност кон Бога. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 80. оригинал)
Дaрoвитe штo ни ги нуди Eвaнгeлиeтo, нe трeбa дa сe зaклучувaaт или дa сe чувaaт вo тajнoст:
„Виe стe Moи свeдoци, вeли Гoспoд,
зa тoa дeкa Jaс сум Бoг.“ (Исaиja 43,12)
Нaшeтo признaвaњe нa Нeгoвaтa вeрнoст e срeдствo oдрeдeнo oд нeбoтo зa oткривaњe нa Христa на свeтoт. (Здравје и среќа, стр. 100. оригинал)
Благословите што ги примаме секој ден од Божјата рака, а над сѐ љубовта и жртвата на нашиот Спасител кој умрел за да ни ја стави во рака среќата на спасението и небесното блаженство, тоа треба да биде тема на нашето постојано благодарење. Какво милосрдие и каква неспоредлива љубов покажал Бог кон нас, загубени грешници, поврзувајќи не со заветен однос со себе како посебно „богатство меѓу сите народи“. Колкава жртва поднел Спасителот за ние да можеме да се наречеме Божји деца! Треба да го фалиме Господа за блажената надеж што ни е укажана и нам со големиот план на откупувањето; треба да го славиме за големото небесно наследство и за неговите прекрасни ветувања да бидеме благодарни што Исус живее и што се залага за нас пред Отецот. (Патријарси и пророци, стр. 289. оригинал)
Имајќи ја во предвид… нашата величествена надеж, откупувањето, коешто Христос заради нас го плати со Својата сопствена крв треба ли да молчиме? Зарем не би требало да го славиме Бога на цел глас исто како и учениците кога Исус влегувал во Ерусалим? Не се ли нашите изгледи далеку повеличествени отколку нивните во тоа време. Според тоа, кој смее да ни забрани да го возвишуваме и да го фалиме Бога, дури и на цел глас, кога имаме таква прекрасна надеж и величествена и славна бесмртност? (Рани списи, стр. 110. оригинал)
