5 јули – Бог ќе излее доцен дожд

„Сионски синови, радувајте се, веселете се во Господа, вашиот Бог; зашто ви дава есенски дожд во права мера, излеа дожд врз вас, есенски и пролетен дожд како некогаш.“ (Јоил 2,23)

„Во текот на денот Педесетница сите беа заедно, кога одеднаш се чу звук од небото како силен налет на ветер, кој ја исполни целата куќа каде што седеа. Потоа видоа јазици како огнени пламени што се разделуваа и се спуштаа, по еден врз главата на секој од нив, и сите се исполнија со Светиот Дух.“ (Дела 2,1-4; Мофат)

Врз учениците, кои чекале и се молеле, Духот се излеал во таква полнота што допрел до секое срце. Оној, кој нема ниту почеток ниту крај, ѝ се открил во својата голема сила на заедницата (црквата). Се чинело како таа сила со векови да била задржувана и како небото да се радува што може врз црквата да го излее изобилството на благодатта на Светиот Дух. И под дејство на Светиот Дух, зборовите на покајание и исповед се помешале со похвални песни за простените гревови. Се слушнале зборови на благодарност и пророштва како целото небо да се спуштило за да види и да ѝ оддаде заслужена почит на мудроста и на неспоредливата и недосеглива љубов. Восхитени, апостолите извикнале: „Се покажа љубовта.“ Тие го прифатиле дарот што им е даден. И што уследило? Духовниот меч, повторно наострен со сила и обвиен со небесна светлина, го расчистувал патот низ неверството. Илјадници луѓе се обраќале во еден ден. (Делата на апостолите, стр. 38. оригинал)

Учениците биле изненадени и пресреќни поради обилната жетва на души. (Делата на апостолите, стр. 44. оригинал)

Овие сцени ќе се повторат со уште поголема сила. Излевањето на Светиот Дух на денот Педесетница го претставувал раниот дожд, но позниот дожд ќе биде многу пообилен. Светиот Дух очекува да го побараме и да го добиеме. (Христови параболи, стр. 121. оригинал)

12 јули - Да го возвишуваме Христа пред луѓето
11 јули - Потрага по изгубените
10 јули - Укажете им гостопримство на Христовите слуги
9 јули - Не служете како Израел кој паднал
8 јули - Пронаоѓање радост во секоја поднесена жртва за Него
7 јули - Подготвени да потрошат и да бидат потрошени
6 jули - Весело служете секој ден
5 јули - Бог ќе излее доцен дожд
4 Јули - Добар Христов војник
3 Јули - Добри вести за Христовото доаѓање

Pin It on Pinterest