3 мај – Затоа што Бог ги исполнува Своите ветувања

„Затоа, мажи, бидете смели! Зашто Му верувам на Бога, дека ќе биде така како што ми е ветено.“ (Дела 27,25)

Некои постојано се плашат и измислуваат неволји… Нивниот ум постојано се занимава со неугодности за кои се плашат дека ќе ги снајдат; или, и ако се најде некаква вистинска тешкотија, таа, иако малечка, толку ќе ги заслепи нивните очи, што не го гледаат мноштвото дарови за кои би требало да бидат благодарни. Тешкотиите со кои се соочуваат, наместо да ги приближат до Бога, до единствениот извор на помошта, тие ги одвојуваат од Него, зашто будат немир и незадоволство.

Дали правиме добро што сме толку неверни? Зошто би требало да бидеме неблагодарни и недоверливи? Исус е наш пријател; цело небо е заинтересирано за нашето добро. Ние не би требало да им дозволиме на недоумиците и грижите на секојдневниот живот да ни ги разјадуваат мислите и да ни го муртат челото. Ако го дозволиме тоа, секогаш нешто ќе ни здодева и ќе ни пречи. Ние не смееме да им се препуштиме на грижите што само ќе нѐ трошат и исцрпуваат, но нема да ни помогнат да ги поднесеме неволјите.

Можеби имате тешкотии во работата; изгледите можеби ви се сѐ помрачни, можеби ви се заканува загуба, но немојте да се обесхрабрите; фрлете ги своите грижи на Бога и останете смирени и расположени. Молете се за мудрост разумно да управувате со своите работи и со тоа да ја спречите загубата и пропаста. Сторете сѐ од своја страна да постигнете поволни резултати. Исус ветил своја помош, но дури кога вие ќе вложите напор. Кога сте сториле сѐ што сте можеле, потпирајќи се на нашиот Помошник, радосно прифатете го исходот. (Патот кон Христа, стр. 122. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest