9 август – Размислување за Господа

„Ќе Му биде мило моето размислување! Јас ќе се радувам во Господа.“ (Псалм 104,34)

Секоја твоја намера, секоја работа во која се впушташ и секое задоволство на кое му се предаваш нека има една цел – да се прослави Бог. Зборовите на твоето срце нека бидат: „Јас сум Твој Боже, да живеам за Тебе, да работам за Тебе и да страдам заради Тебе.“

Многумина говорат дека се на Божја страна, но всушност не се; тежината на сите нивни дела се на страната на сатаната. Но како ќе знаеме на чија страна сме? Кому му припаѓа нашето срце? Каде се нашите најубави сили? Ако сме на Божја страна, нашите мисли се со Него, и ние мислиме најмногу на Него. Не сме во пријателство со светот. На Бога сме посветиле сè што имаме и она што сме. Копнееме да го носиме Неговиот лик, да дишеме со Неговиот Дух, да чиниме сè што е по Негова волја, и да Му угодиме во сè. (Сведоштва за црквата, вол. 2. стр. 262. оригинал)

Да се придобие Божјото одобрување – колку големо предимство! Да се одржува постојана заедница со Него – што може повеќе да го облагороди умот и да ги воздигне мислите над минливите задоволства на оваа земја? Да се обнови изопачената природа преку Божјата благодат, да се совлада својот изопачен апетит и ниските страсти, да се стои во вистинска морална независност, да се задобиваат секој ден нови победи – тоа донесува вистинско спокојство на душата што произлегува од свеста дека сте правеле добро.

Млади пријатели… со ваква работа и ваков вид разонода би можеле да бидете среќни. Но причината што сте немирни е тоа што не го барате единствениот вистински Извор на среќата. Постојано се обидувате да ја најдете надвор од Христа онаа радост што може да се најде само во Него. (Сведоштва за црквата, вол. 1. стр. 504. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest