24 јуни – Послушните деца носат радост

„Мудриот син го весели таткото, а безумниот ја презира својата мајка.“ (Пословици 15,20)

Децата кои се христијани ќе ја претпочитаат љубовта и одобрувањето на своите богобојазливи родители пред секој земен благослов. Тие ќе ги сакаат и почитуваат своите родители. Настојувањето како да ги направат своите родители среќни треба да биде една од главните задачи во нивниот живот. (Порака до младите, стр. 335. оригинал)

Деца, Бог сметал дека е правилно да ве довери на грижата на вашите родители, за тие да ве поучуваат и воспитуваат, и така да ја одиграат својата улога во обликувањето на вашиот карактер за Небото. Сепак, на вас останува да кажете дали ќе развиете добар христијански карактер со тоа што најдобро ќе ги искористите предностите што сте ги имале од побожните, верни родители кои се молат за вас. И покрај сета грижа и верност на родителите во корист на нивните деца, тие самите не можат да ги спасат. Има работа што треба да ја завршат и децата. Секое дете има свој личен случај за кој треба да се погрижи.

Верни родители, пред вас стои одговорна задача – да ги водите чекорите на вашите деца, дури и во нивното религиозно искуство. Кога тие навистина Го сакаат Бога, ќе ве благословуваат и почитуваат за грижата што сте ја покажале кон нив, како и за вашата верност во зауздувањето на нивните желби и совладувањето на нивната волја. (Порака до младите, стр. 338. оригинал)

Тие ќе Го сакаат Господ Исус и ќе им биде задоволство да Му угодат. Нема да бидат нетрпеливи кога ги укоруваат, туку ќе го израдуваат срцето на таткото и мајката со својата љубезност, со своето трпение и со својата подготвеност да направат сè што можат за да помогнат во носењето на товарите од секојдневниот живот. (Порака до младите, стр. 333. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest