„Каде нема откровение пророчко народот се разуздува, а кој го пази Законот е блажен!“ (Пословици 29,18)
Послушноста кон Бога е прва должност на христијанинот. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 610. оригинал)
Човек кој се обидува да ги држи Божјите заповеди затоа што чувствува дека тоа му е должност затоа што тоа се бара од него никогаш нема да ја запознае радоста што произлегува од послушноста. Тој и не е послушен! Кога Божјите барања се чувствуваат како должност, како товар, затоа што се противат на човековите склоности, можеме да знаеме дека тој човек не живее вистински христијански живот. Вистинската послушност е последица на начелото што дејствува однатре. Таа произлегува од љубовта кон праведноста, од љубовта кон Божјиот закон. Преданоста кон нашиот Откупител е срцевина на секоја праведност. Тоа ќе не наведе да го правиме она што е право затоа што е право затоа што на тој начин му угодуваме на Бога. (Христови параболи, стр. 97.98. оригинал)
Од сите за кои го дал Својот живот, Христос со љубов бара да се покоруваат на Неговата волја ако сакаат да учествуваат во радостите што Тој ги подготвил на сите кои овде го откриваат Неговиот карактер. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 284. оригинал)
За Христа е напишано: „Во Него беше животот и животот им беше светлина на луѓето“ (Јован 1,4). Тој е извор на животот. Покорувањето на Нему претставува животодавна сила што ја развеселува душата. (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 288. оригинал)
