12 септември – И природата пее

„Ликувајте, воскликнувајте, ерусалимски урнатини, зашто Господ го утеши Својот народ и го искупи Ерусалим.“ (Исаија 52,9)

Од почеток Бог се открил во своите дела што ги создал. Христос бил тој кој ги распрострел небесата и ги положил темелите на земјата. Неговата рака ги поставила световите во просторот и го обликувала полското цвеќе… Христос ја наполнил земјата со убавини и воздухот со песни, и пораката на љубовта на Отецот ја напишал на сите дела на земјата, во воздухот и на небото. (Копнежот на вековите, стр. 20. оригинал)

„Жителите на најоддалечените краишта на светот се восхитуваат пред доказите за Твојата сила, а земјите од изгрејсонцето и од зајдисонцето радосно Ти пеат… И самите пасишта на рамнините се прелеваат со изобилство, а ридовите се препашани со радост.“ (Псалм 65,8.12; Мофат)

Oд свeчeниoт тaтнeж нa силнитe грoмoви и пoстojaнoтo фучeњe нa дрeвниoт oкeaн, дo убaвитe пeсни сo кoи oдeкнувaaт шумитe, дeсeтицитe илјaди глaсoви нa прирoдaтa збoрувaaт зa Нeгoвaтa слaвa. (Здравје и среќа, стр. 411. оригинал)

Птиците се учители на милозвучната поука за довербата. Нашиот небесен Татко се грижи за нив; но тие мораат да ја собираат храната, мораат да ги градат своите гнезда и да ги подигаат своите млади. Секој миг тие се изложени на непријатели кои настојуваат да ги уништат. А сепак, колку радосно се занимаваат со својата работа! Колку се полни со веселба нивните песни! (Воспитување, стр. 117. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest