3 јуни – Христијанското заедништво се огледа во радоста со другите

„И ако страда еден член, со него страдаат сите членови; или ако се слави еден член, сите членови се радуваат со него.“ (1 Коринтјаните 12,26)

Христијанството е наука која, ако се прими и ако се послуша, шири мир, хармонија и среќа по цел свет. Христовата религија ги соединува во интимно братство сите што ќе го прифатат нејзиното учење. Исусова мисија била да ги помири луѓето со Бога и меѓусебно. (Големата борба, стр. 47. оригинал)

Вашите срца нека бидат прави пред Исуса. Иако можеби себеси се сметате за најмал од сите светии, сепак вие сте органи на Христовото тело и преку Него сте станале Негово човечко орудие кое ја има покрај себе сета извонредност и сила на небесните суштества. Секому му е доделено некое место на должност, не поради Неговите тесни и себични интереси, туку за влијанието на секој да биде сила за сите. (Сведоштва за црквата, вол. 7, стр. 296. оригинал)

Божјата црква е света заедница, исполнета со разновидни дарови и вдахновена со Свети Дух. Верниците на црквата своја среќа можат да најдат само во среќата на оние на кои им помагаат и за кои претставуваат благослов. (Делата на апостолите, стр. 12. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest