9 ноември – Примање на Речта со радост и веселба

„Твоите зборови го восхитија и го зарадуваа моето срце. Зашто се викав со Твоето Име, о Господи, Боже над Воинствата.“ (Еремија 15,16)

Божјиот Збор, и Стариот и Новиот Завет, дава духовна мудрост и живот, само ако верно се проучува и применува во животот. Тој Збор мора свето да се негува. Верата во Божјата Реч и во Христовата моќ ќе го преобрази животот, ќе го оспособи верникот да соучествува во Неговото дело и да живее живот на радост во Господа. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 279. оригинал)

Оној живот, во кој се негува Господен страв, нема да биде проникнат со жалост и стушеност. Христовото отсуство лицето го прави жалосно, а животот полн со поклоненички воздишки. Оние што се полни со себеси, кои се сакаат само себеси, не чувствуваат потреба да воспостават жива, лична заедница со Христа. Срцето што не паднало врз Карпата (врз Христа), се гордее со себеси и со својата севкупност. На луѓето им се допаѓа достоинствена религија. Сакаат да одат по пат кој е доволно широк и религијата да ги прифати такви какви што се, со сите нивни особини. Нивното самољубие и желбата да бидат популарни и фалени, го исклучуваат Спасителот од нивното срце, а без него им остануваат само потиштеносг и жалост. Меѓутоа, Христовиот престој во душата претставува извор на радост. За сите што го примаат него, основната идеја на Божјата реч станува радост. (Христови параболи, стр. 162. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest