1 март – Радоста е Божји дар

„Тој му дарува мудрост, сознавање, радост на оној што Му е по волјата, а на грешникот му дава мака да собира и да натрупува за оној кој е по Божја волја. И тоа е суета и тежина на духот.“ (Проповедник 2,26)

Бог е извор на животот, на светлината и радоста за цела вселена. Како светлосните зраци што ги точи сонцето, како водената струја што блика од живиот извор, од Бога се излеваат благослови врз сите Негови суштества. (Патот кон Христа, стр. 77. оригинал)

Погледнете ги чудесата и убавините на природата! Помислете на нивната прекрасна приспособеност кон потребите и среќата, не само на човекот, туку и на сите живи суштества! Сончевата светлина и дождот, кои ја оживуваат и ја освежуваат земјата, ридовите, морињата и рамнините, ни зборуваат за љубовта на Творецот…

„Бог е љубов“ ­ е запишано на секоја пупка што цути, на секоја нежна тревка. Прекрасните птици, кои го исполнуваат просторот со волшебни мелодии на своите весели песни, совршените цутови со нежни бои, кои го даруваат воздухот со чудесни мириси, богато разлистените и зелени величествени шумски дрвја ­ сето тоа сведочи за нежната татковска грижа на нашиот Бог и за неговата желба своите деца да ги стори среќни. (Патот кон Христа, стр. 9.10. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest