„Тогаш Јодај го изведе царевиот син, му стави круна и му го даде Сведоштвото и го помаза за цар. Плескаа со рацете и викаа: ‘Да живее царот!’… Сиот народ се веселеше и градот се смири кога ја убија Готолија со меч во царскиот дворец.“ (2. Цареви 11,12.20)
„Левитите и целиот народ Јудин“, се обединиле со свештеникот Јодај, го крунисале и го помазале Јоас за цар, „И ракоплескаа и извикуваа: Да живее царот!“ (2. Цареви 11,12).
„Кога го чу Готолија гласот на раздвижениот народ, кој го фалеше царот, излезе кај народот во домот Господов и виде: ете царот според обичајот стои крај столб, а кај царот – кнезови и труби, и сиот народ на таа земја се весели и трубат со труби.
Тогаш Готолија ја раскина својата облека и почна да вика: Предавство! Предавство!“ (2. Цареви 11,14). Но Јодај им заповедал на стотниците да ги фатат Готолија и нејзините следбеници, да ги изведат надвор од храмот и да ги одведат до место за погубување, каде што ги погубиле…
Веднаш по погубувањето на непокајаната царица, „сиот народ отиде во домот на Ваала, ги урнаа жртвениците негови, и идолите негови сосема ги уништија, и Вааловиот свештеник Матана го убија пред жртвениците“ (1. Царевите 11,18)
Потоа настапила реформа. Оние кои учествувале во прогласувањето на Јоаса за цар, дале свечен завет „дека ќе бидат народ Господов“. И откако во Јудејското царство било надминато лошото влијание на Језавелината ќерка и Вааловите свештеници биле погубени, а нивниот храм урнат, „се веселеше целиот народ на таа земја и градот се смири“ (2. Летописи 23,16.21). (Пророци и цареви, стр. 215.216. оригинал)
