23 јули – Исполнети со Светиот Дух

„А учениците се исполнија со радост и со Светиот Дух.“ (Дела 13,52)

Светиот Дух е здив на духовниот живот во душата. Давањето на Духот е давање на Христовиот живот. (Копнежот на вековите, стр. 805. оригинал)

Штом некој ќе дојде кај Христа, во неговото срце се раѓа желба да им објави на другите каков драгоцен пријател стекнал во Исуса; спасоносната и посветувачка вистина не може да остане затворена во неговото срце. Ако сме облечени во Христовата праведност, ако сме исполнети со радоста на Неговиот Дух кој живее во нас, не ќе можеме да останеме мирни. Ако сме вкусиле и сме виделе дека е добар Господ, ќе имаме за што да зборуваме. Како и Филип, кога го нашол Спасителот, ќе ги повикаме и другите кај Него. Ќе се трудиме да им ја покажеме сета Христова привлечност, како и невидливата стварност на светот што ќе дојде. Во нас ќе гори желба да одиме по патот по кој поминал Исус. Длабоко ќе копнееме и другите околу нас да го видат „Божјето Јагне кое ги зема на себе гревовите на светот“ (Јован 1,29).

Напорите да им бидеме на благослов на другите и нам ќе ни донесат благослов. Токму затоа Бог и ни дал можност да учествуваме во планот на спасението. Тој на луѓето им осигурил предимство да добијат дел во божествената природа и од своја страна да ги шират благословите врз своите ближни. Тоа е највозвишена чест, најголема радост што можел Бог да им ја даде на луѓето. (Патот кон Христа, стр. 78.79. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest