22 ноември – Сион ќе биде откупен

„Праведен суд ќе го откупи Сион, а правдата неговите обратеници.“ (Исаија 1,27)

И ние можеме во нашата мечта да ја видиме сликата на иднината – небесното блаженство. Во Библијата се откриени идеалите на идната слава, сцените што ги насликала Божјата рака и што ѝ се мили на Неговата црква. Со вера уште сега можеме да стоиме на прагот на вечниот град и да ги слушаме милозвучните зборови на добредојде упатени на оние кои во овој живот соработувале со Христа и кои сметале дека е чест да страдаат заради Него… Таму откупените ќе ги поздрават оние што ги довеле кај Спасителот и заедно ќе го слават Оној кој умрел за смртните човечки суштества да добијат живот кој, според долговечноста, може да се спореди со Божјиот живот. Вековниот судир е завршен. На страдањата и на борбите им дошол крај. Низ целото небо се одгласуваат победоносни песни, додека откупените своите гласови ги придружуваат кон радосниот акорд: „Достојно, достојно е Јагнето кое беше заклано, и кое повторно живее како славен победник.“ (Делата на апостолите, стр. 601.602. оригинал)

Кога некој ќе се откаже од гревот, кој е престапување на законот, неговиот живот, во совршена покорност ќе се прилагоди на законот. Тоа е дело на Светиот Дух. Светлината на грижливо проучуваната Божја Реч, гласот на совеста, делувањето на Духот, сето тоа раѓа во срцето искрена љубов кон Христа, кој се дал Себеси на жртва за да го откупи човекот телото, душата и духот. А љубовта се покажува во послушноста…

Верните христијани и христијанки треба да настојуваат со сите свои сили да ја доведат обратената душа до правилно спознание на праведноста во Исуса Христа… Тие не смеат да го занемарат верното и љубезно поучување, кое е толку битно за новообратените, за нивната работа да не биде половична. Особено првото искуство треба да биде правилно. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 92)

12 јули - Да го возвишуваме Христа пред луѓето
11 јули - Потрага по изгубените
10 јули - Укажете им гостопримство на Христовите слуги
9 јули - Не служете како Израел кој паднал
8 јули - Пронаоѓање радост во секоја поднесена жртва за Него
7 јули - Подготвени да потрошат и да бидат потрошени
6 jули - Весело служете секој ден
5 јули - Бог ќе излее доцен дожд
4 Јули - Добар Христов војник
3 Јули - Добри вести за Христовото доаѓање

Pin It on Pinterest