8 август – Уживање во природата

„Големи се Господовите дела, нека размислуваат за нив сите, што ги љубат.“ (Псалм 111,2)

И пoкрaj тoa штo грeвoт ja пoмрaчил зeмjaтa, Бoг кoпнee Нeгoвитe дeцa дa нajдaт зaдoвoлствo вo дeлaтa нa Нeгoвитe рaцe. (Здравје и среќа, стр. 261.262. оригинал)

Луѓето во својата гордост уживаат во величествени и скапоцени градби и се восхитуваат со делата на своите раце. Меѓутоа, првиот човек Бог го настанил во градина. Тоа бил негов дом, негов стан. Синото небо му било покрив во вид на купола, а земјата, прекриена со нежно цвеќе и со наметка од живо зеленило, претставувала под; заштита над главата сочинувале лисните гранки на прекрасните дрвја, а ѕидовите на неговото живеалиште биле прекриени со највеличествен украс со делата на рацете на големиот Уметник. Сѐ што ја опкружувало светата брачна двојка претставувало наука за сите времиња дека вистинската среќа не лежи во задоволувањето на гордоста, во изобилството и раскошот, туку во одржувањето на заедница со Бога преку неговите совршено создадени дела. Кога луѓето помалку внимание би им обрнувале на вештачките творби, а повеќе би негувале едноставност, многу повеќе би одговарале на онаа цел што ја имал Бог кога го создал човекот. Гордоста и славољубието никогаш не можат да се задоволат, но оние луѓе кои вистински се мудри, ќе најдат вистинско задоволство, задоволство што облагородува и издигнува, на изворот на радоста што му го ставил Бог при рака на секој човек. (Патријарси и пророци, стр. 49.50. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest