26 јули – Ја имаат Христовата радост кога ги гледаат спасените грешници

„А сега идам при Тебе, и го зборувам ова во светот, за да ја имаат Мојата радост полна во себе.“ (Јован 17,13)

Радоста што го исполнувала Христа, која му дала сила да се жртвува и страда, била радост која произлегла од желбата да ги види грешниците спасени. Таква радост треба да има и секој Негов следбеник, поттик за неуморна работа. (Пророци и цареви, стр. 172. оригинал)

Бог на секој поединец му одредил негова работа која никој друг не може да ја одработи за него. О, кога секој од вас би го користел мелемот за очи кој го препорачува Верниот сведок, за да ги увиди своите недостатоци и да сфати како Бог гледа на љубовта кон светот која ја потиснува од срцето љубовта кон Бога. Ништо не може да ви даде таква сила, таква самодоверба во позитивна смисла, таква благородност на душата и таква свест за достоинството на вашата работа како осведочувањето дека соработувате со Бога во добрите дела и спасувањето на душите.

Божјиот Син дошол на овој свет за да ни пружи пример за совршен живот. Се согласил на најголема жртва поради радоста која Го очекувала – радоста да ги види душите ослободени од сатанското ропство и спасени во Божјото царство. „Појдете по мене“, гласи Неговиот налог. Оние кои се подготвени да Го следат, ќе учествуваат со Него во делото на спасување на душите и на крај ќе влезат во радоста на својот Господар. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 615. оригинал)

Радоста, кон која и самиот Христос гледа со длабока желба, е изразена во Неговата молитва кон Отецот: „Татко, сакам оние, кои си Ми ги дал, да бидат со Мене таму каде што Сум Јас.“ (Јован 17,24) (Gospel Workers, p. 516)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest