13 мај – Задоволство во сегашната состојба

„Не го зборувам тоа заради скудност, зашто научив да бидам задоволен со она во што сум.“ (Филипјаните 4,11)

О, кога би се задоволиле помалку да копнееме по скапоценото и тешко достапно надворешно украсување… а повеќе да ја цениме кротоста и понизноста на духот, што пред Бога е поскапоцено од бисери и скапоцени камења!… Подобро е радосно да се поднесуваат сите можни непријатности отколку да се жртвува мирот и задоволството. (Сведоштва за црквата вол. 4, стр. 622. оригинал)

Постојат немирни луѓе кои, дури и кога би отишле да живеат на ново место, пак би биле незадоволни, бидејќи духот на незадоволство е во нивните срца, а промената на местото не носи промена на срцето. Нивните карактери не се прочистени и облагородени од Христовиот Дух. Тие треба да ја научат лекцијата да бидат задоволни со она што се има. (Fundamentals of Christian Education, p. 495)

Оние кои се напојуваат на изворот на животот нема, како припадниците на овој свет, да копнеат само за промена и задоволување на телесните желби. Во нивното однесување и карактер ќе се видат мир, спокојство и среќа кои можат да се најдат во Христа кога сите свои товари и грижи секој ден ќе ги положиме покрај Неговите нозе. Тие покажуваат дека задоволството и радоста се наоѓаат само на патеката на послушното извршување на должностите. (Сведоштва за црквата вол. 4, стр. 432. оригинал)

14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч
13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните

Pin It on Pinterest