24 мај – Се придружува на радоста на другите

„Зашто овој мој син беше мртов и оживе, беше изгубен – и се најде. И почнаа да се веселат.“ (Лука 15,24)

Во својата немирна младост загубениот син таткото го сметал за строг и суров. А сега многу се изменило неговото мислење! Така и сите што ги завел сатаната Бога го сметаат за тврд, кој премногу бара… Тие неговиот закон го прогласуваат за пречка на патот кон среќата на човекот, за тежок јарем од кој радо би се решиле. Меѓутоа, сите, на кои Христовата љубов им ги отворила очите, знаат дека Бог е полн со милост. Тој не се појавува како тиранско суштество што се одмаздува, туку како татко кој копнее да го прегрне својот син кој се кае. И затоа грешникот може да извикне заедно со псалмистот:„Како таткото што ги милува синовите, така Господ ги милува оние што се бојат од него“ (Псалм 103,13). (Христови параболи, стр. 204. оригинал)

Нему му е познато и кога твоето срце првпат се свртело кон Бога. Никогаш не е упатена молитва, колку и да е несовршена, никогаш не е пролеана солза, колку и да е потајна, никогаш не се јавил искрен стремеж кон Бога, колку и да е слаб, Божјиот Дух да не се поткренал да ги задоволи. Дури и пред да се изговори молитвата или да се објави стремежот на срцето, Христовата милост веќе дејствува врз човечкото срце. (Христови параболи, стр. 206. оригинал)

Стани и оди кај својот Отец! Тој ќе ти излезе во пресрет. (Христови параболи, стр. 206. оригинал)

Тој ќе те воведе в соби каде што е гозба и ќе те опсипе со својата љубов. (Христови параболи, стр. 206. оригинал)

И земјата и небото се придружуваат кон радоста на Отецот излеана во песната: „Зашто овој мој син беше мртов и оживе, беше загубен и се најде!“ (Христови параболи, стр. 207. оригинал)

13 септември - Песните на пофалба можат да ги отстранат грижите
12 септември - И природата пее
11 септември - Песните носат радост и веселба
10 септември - Песната е дел од богослужението
9 септември - Веселата песна ги издигнува мислите
8 септември - Веселата песна е оружје против обесхрабрувањата
7 септември - Пејте радосно
6 септември - Пофалбата го зајакнува телото и душата
5 септември - Со радосен глас
4 септември - Во домовите на праведните

Pin It on Pinterest