28 aприл – Удел во Христовата слава

„Возљубени мои, не чудете се на огненото испитување, што се појави меѓу вас, за да ве искуша, како да ви се случува нешто необично, туку, радувајте се дека соучествувате во Христовите страдања, за да можете да се радувате и да се веселите при откровението на Неговата слава.“ (1. Петрово 4,12.13)

Следете го Спасителот во добро и во зло и сметајте го носењето на Христовиот крст за радост и за света чест. Исус ве љуби. Тој умрел заради вас. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 237. оригинал)

Небесното Височество, Царот на славата, го оставил Своето богатство, сјај, почести и слава за да го спаси грешниот човек, се спуштил до живот полн со понижување, сиромаштво и срам; „кој за радоста која беше поставена пред Него претрпе крст, не марејќи за срамот.“ О, зошто сме толку чувствителни на неволјите и префрлањата, на срамот и страдањата, кога нашиот Господ ни оставил токму таков пример? Зар можеме да очекуваме да влеземе во радоста на својот Господар, ако не сакаме да поднесеме страдања како што поднесувал Тој? Што? Слугата не сака да го поднесе срамот кој Господарот несебично го поднел за него! Слугата се плаши за животот исполнет со понижување и жртва иако тоа е за негово добро, иако само така ќе постигне неизмерна, вечна награда! Моето срце зборува: Сакам да ги делам со Христа Неговите страдања, за на крајот да учествувам во Неговата слава. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 490.491. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest