15 јули – Покажување почит кон проповедниците и владетелите

„Бидете им послушни на вашите водачи и покорувајте им се, зашто тие бдеат над вашите души како оние, кои ќе одговараат за тоа; за да го прават тоа со радост, а не со воздишки, зашто тоа не би било полезно за вас.“ (Евреите 13,17)

Петтата заповед бара од децата… на родителите да им… пружат потпора и утеха… Таа заповед бара да се почитуваат и службениците на црквата и органите на власта и сите оние на кои Бог им дал авторитет. (Патријарси и пророци, стр. 308. оригинал)

Мажите и жените треба да дојдат под влијание на верни, срдечни и искрени работници, кои се залагаат за душите како оние, кои ќе дадат одговор. Сите кои се крстени со одредена мера на апостолскиот дух, се чувствуваат присилени да станат Божји мисионери. Ако бидат верни, цврсти во верата, ако не го продадат својот Господ заради добивка, ако секогаш ја признаваат божествената надмоќ и превласт, Бог ќе го подготви патот пред нив и обилно ќе ги благослови. Тој ќе им помогне да ја прикажат Неговата добрина, љубов и милост. А Божјата слава ќе биде нивна награда. Ќе завладее радост во небесните дворови и радост, чиста, небесна радост ќе ги исполни срцата на работниците. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 58.59. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest