8 октомври – Јуда пронашол радост во пасхалната свеченост

„Така Израелевите синови, кои се најдоа во Ерусалим, го празнуваа празникот Бесквасни лебови седум дена со голема веселба, а левитите и свештениците го фалеа Бога од ден во ден со свиралките за Господова слава… Потоа сиот собор, советувајќи се, одлучи да празнуваат уште седум денови; прославуваа уште седум денови со веселба.“ (2. Летописи 30,21.23)

Во својата ревност службата во храмот да стане вистински благослов за народот, Езекија решил да го заживее стариот обичај Израелците да се собираат и заедно да ја празнуваат Пасха. (Пророци и цареви, стр. 335. оригинал)

Во определениот ден била празнувана Пасха и народот цела седмица ја поминал принесувајќи жртви и осознавајќи како да ја твори Божјата волја. Секој ден Левитите „поучувале за доброто знаење за Господа,“ и сите оние кои ги подготвиле своите срца и го побарале Бога, добиле проштавање. Насобраното мноштво, кое му се поклонувало на Бога, се исполнило со голема радост, а „Левитите и свештениците Го фалеа Бога од ден во ден со гласни инструменти“ (2. Летописи 30,22.21); сите имале иста желба – да Го прослават Оној кој бил толку благ и милостив кон нив.

Седумте дена на празнување на Пасхата поминале многу брзо и народот одлучил да помине уште седум дена во подлабоко изучување на Господовиот пат. Свештениците продолжиле да го поучуваат народот од книгите на законот. Луѓето секојдневно се собирале во храмот за да ги принесуваат своите дарови со славење и благодарност. При крајот на големиот собор било очигледно дека Бог чудесно дејствувал за обратување на отпадничката Јудеја и ја сопрел плимата на идолопоклонството која се заканувала сѐ да повлече со себе. Сериозните предупредувања на пророците не биле залудни. „Беше голема веселба во Ерусалим зашто од времето на Давидовиот син Соломон, израелскиот цар, не беше така во Ерусалим“ (2. Летописи 30,26). (Пророци и цареви, стр. 337.338. оригинал)

8 октомври - Јуда пронашол радост во пасхалната свеченост
7 октомври - Јуда се радувал на обновувањето на Храмот
6 октомври - Израел се радувал на Божјата добрина
5 октомври - Израел се радувал што можел да приложи за Храмот
4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото

Pin It on Pinterest