6 април – Страдај радосно кога одиш со Бога

„Така што да одите достојно за Господа и да Му бидете угодни во сè; за да бидете плодоносни во секое добро дело и за да растете во познавањето на Бога; зајакнувајќи со секаква сила, сообразно со силата на Неговата слава, за секаква непоколебливост и трпение; со радост.“ (Колосјаните 1.10.11)

Во верскиот живот секоја душа што на крајот ќе биде победник, ќе наидува на страшни тешкотии и неволји. Но познавањето на Светото Писмо ќе ѝ овозможи да се потсети на охрабрувачките ветувања на Бога, кои ќе го утешат срцето и ќе ја засилат верата во силата на Семоќниот. (Сведоштва за црквата, вол. 5. стр. 578. оригинал)

Божјите избрани сведоци во сите векови биле изложени на обвиненија и прогонства заради вистината… Тие примери на човечка постојаност сведочат за вистинитоста на Божјите ветувања, за Неговото постојано присуство и за Неговата непоколеблива милост. Тие сведочат дека верата е доволно силна да им се спротивстави на земните сили. Да се потпреме врз Бога во најмрачниот миг, да чувствуваме дека и тогаш кога сме најболно искушувани и кога сме изложени на најтешки удари од непријателот, раката на нашиот Отец е сепак на кормилото – тоа е дело на верата. Само очите на верата можат, над сѐ што е привремено и поминливо, да го видат непоминливото богатство и да го проценат како што треба. (Делата на апостолите, стр. 575. оригинал)

Збoрувajтe зa вeтувaњaтa; збoрувajтe зa Христoвaтa пoдгoтвeнoст дa блaгoслoвувa. Toj нe нѐ зaбoрaвa ниту зa миг. Кoгa, и пoкрaj нeприjaтнитe oкoлнoсти – oстaнувaмe спoкojни вo Нeгoвaтa љубoв и сe зaтвoримe вo сeбe сo Нeгo, чувствoтo нa Нeгoвoтo присуствo ќe врoди сo длaбoкa и мирoљубивa рaдoст. (Здравје и среќа, стр. 488. оригинал)

14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч
13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните

Pin It on Pinterest