1 април – Божјата благодат е доволна во прогонство

„И Тој ми рече: ‘Доста ти е Мојата благодат, зашто Мојата сила се покажува совршена во слабоста.’ Затоа, со поголема радост ќе се фалам во своите слабости, за да се всели во мене Христовата сила.“ (2. Коринтјаните 12,9)

Иако Господ не му ветил на својот народ живот без искушенија, Тој му ветил нешто многу подобро. Тој кажува: „И додека траат деновите твои, ќе биде со тебе и силата твоја“. „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се покажува потполно во слабоста“ (Второзаконие 33,25; 2. Коринтјаните 12,9). Ако сте повикани да поминете низ огнена печка за Него, Исус ќе биде покрај вас, како што бил со тројцата верни млади луѓе во Вавилон. Оние кои го љубат својот Откупител, ќе се радуваат на секоја прилика со Него да ги делат понижувањата и срамот. Љубовта што ја негуваат кон својот Господ, ги олеснува страдањата на кои се изложени поради Него. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 30. оригинал)

Во сите наши искушенија имаме сигурен Помошник. Тој нема да нè остави сами да се бориме со искушенијата, да се бориме со злото и на крај да бидеме скршени од товарот и тагата. Иако сега е скриено од очите на смртниците, увото на верата може да го чуе Неговиот глас како зборува: Не бој се, јас сум со тебе… Јас ги поднесов вашите жалости, ги искусив вашите борби, се сретнував со вашите искушенија. Јас ги познавам вашите солзи, зашто и самиот јас плачев. Ги познавам болките кои се безмерно длабоки и кои не можат да му се доверат на ниедно човечко уво. Немојте да мислите дека сте напуштени и оставени. Иако вашата болка не трогнала ниту една чувствителна струна на некое срце на земјата, погледнете во Мене и живејте. (Копнежот на вековите, стр. 483. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest