15 август – Грешните задоволства ја уништуваат врската со Бога

„А онаа која живее сладострасно, жива е умрена.“ (1. Тимотеј 5,6)

Оние што ја сакаат насладата можат да задржат облик на побожност, но немаат жива врска со Бога. Нивната вера е мртва, а нивната ревност исчезнала. (Порака до младите, стр. 142. оригинал)

Иако се запишани во црковните книги, тие не се преобратени. Тие можат да учествуваат во црковните служби, можат да го пеат псалмот: „Како кошутата што жеднее за изворните води, така мојата душа копнее по тебе, Господе“ (Псалм 42,1) но тоа е лажно сведочење! Тие воопшто не се поправедни во Божјите очи од најлошиот грешник. Душата која копнее по возбудливи световни уживања и умот кој е окупиран со желба да се расфрла, не можат да му служат на Бога… Тој копнее да ги задоволи своите похотливи желби и бира грешна атмосфера. (Христови параболи, стр. 270. оригинал)

Оние кои тврдат дека се христијани, световните христијани, не се запознаени со небесните работи. Тие никогаш нема да поминат низ вратата на Новиот Ерусалим за да земат учество во она што досега не го привлекувало нивното внимание. Тие не го вежбале својот ум во побожност и размислувања за небото и Бога. И како тогаш тие, би можеле да учествуваат во небесното богослужение? Како би можеле да уживаат во духовното, чисто, свето небо, кога за ова не размислувале со задоволство на земјата? (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 265. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest