22 октомври – Затоа одете

„Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал!“ (Матеј 28,19)

Овој евангелски налог претставува голема мисионерска повелба на Христовото царство… Учениците биле повикани на својата задача да појдат во Христово име. Секој нивни збор и постапка морале вниманието на луѓето да го насочуваат кон Христовото име како животворна сила со која грешниците единствено можат да бидат спасени. Нивната вера морала да се насочи кон Него како извор на милоста и силата. Во Негово име требало да му ги упатуваат своите молитви на Отецот за да бидат примени. Тие имале налог да крштаваат во име на Отецот, Синот и Светиот Дух. Христовото име било нивна лозинка, знак на распознавање и врска на единството со Бога, како и извор на успех во нивната работа. Во Христовото царство не смеело да се признае ништо што не го носи Неговото име и Негов натпис. Кога Христос им рекол на учениците: Одете и во мое име соберете ги сите што ќе поверуваат во една заедница, Тој јасно им ја изложил потребата од едноставност во однесувањето. Колку помалку фалеништво и растурливост, нивното влијание ќе биде поблаготворно. Учениците добиле задача да зборуваат исто онака едноставно како што зборувал и Христос. (Делата на апостолите, стр. 28.29. оригинал)

Ние не знаеме на кој начин ќе бидат повикани нашите деца да служат. Можеби животот ќе го поминат во кругот на домот, можеби ќе се посветат на вообичаените занаети или ќе станат проповедници на евангелието во незнабожечки земји, но сепак, сите се повикани да бидат Божји мисионери, проповедници на милоста во светот. Тие треба да се здобијат со воспитување, кое ќе ги оспособи да стојат покрај Христа и несебично да служат. (Пророци и цареви, стр. 245. оригинал)

3 август - Небото ја одобрува послушноста и службата
2 август - Кога безбожникот ќе се одврати од своите патишта
1 август - На Бога Му е угодно она што е право
31 јули - Ангелите го исполнуваат ветувањето за божествена грижа
30 јули - Ангелите служат на потребите на луѓето
29 јули - Небесните војски и Божјите слуги и се радуваат на службата
28 јули - Ангелите соработуваат со нас
27 јули - Ангелите се радуваат со луѓето во спасувањето на изгубените
26 јули - Ја имаат Христовата радост кога ги гледаат спасените грешници
25 јули - Тие ја шират Неговата радост спасувајќи ги изгубените

Pin It on Pinterest