10 мај – Весели се на добриот збор

„Грижата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го весели.“ (Пословици 12,25)

Не треба да ги собираме непријатните слики – неправдата, расипаноста и разочарувањето, кои се докази за силата на сатаната и не треба постојано да ги држиме закачени во одаите на нашата меморија и да зборуваме за нив со жалење сѐ додека малодушноста не ги обземе нашите души…

Фала Му на Бога што постојат многу посветли и поутешни слики кои Господ ни ги прикажува. Затоа благословените докази за Неговата љубов треба да ги собираме како драгоцено богатство, за секогаш да го имаме пред очите. Божјиот Син го оставил престолот на својот Татко и својата божествена природа ја облекол во човечка за да го избави човекот од силата на сатаната. Неговата победа што ја извојувал заради нас, која ни ги отвора вратите на небото и ни овозможува да погледнеме во царството на божествената слава; подигањето на паднатиот човечки род од бездната на пропаста во која го фрлил гревот; поврзувањето на човечкиот род со Бога; победата на верните над искушенијата со вера во нашиот Спасител и нивното воздигање до Неговиот престол облечени во Неговата правда – тоа се сликите со кои Бог сака да ги украсуваме одаите на нашите души. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 744.745. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest