30 август – Грешникот се крие од Божјото присуство

„Зашто на што може да се надева кога се моли покорно и кога ја вознесува својата душа кон Бога?… Зар ќе се радува тој во Сèдржителот? Зар ќе го повикува Бога во секое време? (Јов 27,8.10)

Во својата безгрешна состојба, човекот одржувал радосна врска со Оној во кого „се скриени сите богатства на мудроста и на знаењето“ (Колосјаните 2,3). Но, откако паднал во грев, светоста не му создавала веќе радост, и тој се обидел да се скрие од Божјето присуство. Непрероденото срце и сега се наоѓа во таква состојба. Тоа не е во хармонија со Бога, ниту пак наоѓа радост во заедницата со Него. Грешникот не би можел да биде среќен во Божје присуство; нему друштвото на светите суштества би му било непријатно. И кога би му било дозволено да дојде на небото, тој таму не би чувствувал никаква радост. Духот на несебична љубов што владее таму ­ секое срце е соединето со срцето на бесконечната Љубов ­ не би нашол одглас во неговата душа. Неговите мисли, неговите интереси, неговите побуди ­ сѐ би било во расчекор со она што ги движи безгрешните небесни жители. Тој би бил нехармонична нота во небесната мелодија. За него небото би било место на мачење; тој би копнеел да се скрие од Оној кој е светлина и извор на радост на небото. Бог не решил самоволно да ги исклучи грешните од небото; тие сами се исклучуваат со својата непогодност за небесната заедница. Божјата слава за нив би била оган кој уништува. Тие радо би прифатиле да бидат уништени само да се скријат од лицето на Оној кој умрел за да ги откупи. (Патот кон Христа, стр. 17. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest