„Не сакајте го светот, ниту она што е во светот. Ако некој го сака светот, љубовта од Бога Таткото не е во него… А светот поминува и неговата похот, а кој ја извршува Божјата волја останува довека.“ (1. Јованово 2,15.17)
Дури и меѓу оние што тврдат дека го чекаат Господовото доаѓање има такви кои го сакаат светот. Тие копнеат за слава и за богатство. Христос ја опишал оваа класа кога рекол дека Божјиот ден ќе дојде како стапица за сите што живеат на земјата. Овој свет е нивниот дом. Нивната главна цел е да обезбедат земно богатство за себе. Тие градат скапоцени куќи и ги снабдуваат со сите удобности, уживаат во облекувањето и задоволувањето на апетитот. Нештата од овој свет се нивни идоли, кои се испречиле меѓу нивните души и Христа, така што тие одвај ја здогледуваат свечената и страшна реалност околу себе. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 456. оригинал)
Кога би им дозволиле на нашите мисли повеќе да се задржуваат на Христа и на небесниот свет, би нашле силен поттик и поддршка во водењето на Господовите битки. Гордоста и љубовта кон светот ќе ја изгубат својата сила додека размислуваме за славата на онаа подобра земја, која наскоро ќе стане наш дом. Покрај Христовата убавина, сите земни привлечности ќе изгледаат како да имаат многу мала вредност. (Порака до младите, стр. 113. оригинал)
Подобро од сето пријателство на светот е пријателството со Христовите откупеници. Многу поубави и од најлуксузните палати на овој светот се становите што нашиот Господ отишол да ги приготви за спасените. И поубава од секоја земна пофалба ќе бидат зборовите на Спасителот упатени до неговите верни слуги: „Дојдете, благословени од мојот Отец, наследете го царството што ви е подготвено уште од создавањето на светот“ (Матеј 25,34). (Христови параболи, стр. 374. оригинал)
