22 август – Безумие, неразумност и бесмислица

„Лудоста е веселба за неразумниот, а разумниот човек оди право.“ (Пословици 15,21)

Нашите рекреативни активности не треба да бидат сцени на бесмислена веселба, ниту да имаат облик на празни и бесмислени забави. Можеме да ги организираме на таков начин што ќе им бидат од полза и ќе ги издигнуваат оние со кои се дружиме, а и нас и нив подобро ќе нѐ оспособат поуспешно да ги извршуваме должностите што ни се доверени како христијани.

Не можеме да бидеме оправдани пред Бога ако се впуштаме во забави кои имаат тенденција да нѐ направат неподготвени за верно извршување на секојдневните животни должности, и со тоа да ја намалат нашата наклонетост кон размислувањето за Бога и небесните нешта. Христовата вера е охрабрувачка и возвишувачка во своето влијание. Таа е далеку над сè што наликува на неразумно шегување и шегаџиство, суетен и површен празен разговор. (Поака до младите, стр. 364. оригинал)

И денес сатаната има најмногу успех во мамењето на Христовите следбеници на грев кога ќе ги наведе да се дружат со грешниците и да уживаат во нивните задоволства… Со векови тој преку драмата настојувал да разбуди страсти и да го издигне порокот. Сатаната се служи со операта, со нејзината волшебна музика и заносна игра за да ја урне бариерата на начелата и да им ја отвори вратата на сетилните наслади. На секој собир заради задоволство, каде што се поттикнува гордост и попуштање кон апетитот, каде што човекот се наведува да го заборава Бога и ги губи од вид вечните интереси, тука сатаната кове свои синџири околу душата. (Патријарси и пророци, стр. 458-460. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest