22 септември – Изразете ја пофалбата со труби

„Трубите во труби во денот на вашите свечености, на вашите празници или на вашите млади месечини, додека ги принесувате вашите паленици и помирителни жртви. Тоа нека биде спомнување за вас пред вашиот Бог. Јас Сум Господ, ваш Бог.“ (Броеви 10,10)

Празникот Сеници бил последен годишен собир. Бог сакал во ова време народот да размислува за неговата добрина и милост… Народот доаѓал од близу и од далеку носејќи радост во срцето. Стари и млади, богати и сиромаси, сите му носеле дар на благодарност на Оној што ја крунисал годината со својата добрина и нивните стапалки со плодност. Сè што можело да го задоволи окото и да ја зголеми сенародната радост е донесено од планина, па градот личел на прекрасна шума…

Рано в зори, свештениците би затрубиле со своите сребрени труби од кои се слушал долг продорен звук, а трубите што возвраќале и радосните извици на народот од нивните сеници се одгласувале од планините и долините поздравувајќи го празничниот ден. (Копнежот на вековите, стр. 448. оригинал)

Храмот бил центар на сеопшта радост, каде што кулминирал сјајот на жртвените обреди. Тука, стоејќи од обете страни на белите мермерни скали на светата градба, хорот на Левитите ја предводел службата со свети песни. Мноштвото верници, мафтајќи со гранчиња од палми и мирти, го прифаќале пеењето, со што до израз доаѓал припевот, за потоа песната да ја прифатат и да ја разнесат гласови што биле близу и далеку сè додека околните ритчиња не возвратиле одглас на фалбоспевот. (Копнежот на вековите, стр. 448. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest