31 јули – Ангелите го исполнуваат ветувањето за божествена грижа

„Зашто им заповеда на Своите ангели, да те чуваат на сите твои патишта. Ќе те носат на раце, за да не се сопнеш на камен.“ (Псалм 91,11.12)

„Ангелот Господов се улогорува околу оние кои него го почитуваат, и ги закрилува“ (Псалм 34,7). Бог им наредува на своите ангели неговите избрани да ги чуваат од несреќа и пропаст, од „чума што во мрак коси“, од „помор што на пладне пусти“ (Псалм 91,6). Толку пати ангелите разговарале со луѓе како човек што разговара со свој пријател и ги воделе на сигурни места. Многу пати ангелите со храбри зборови го крепеле паднатиот дух на верниците и, издигнувајќи ги нивните мисли над земните настани, ги наведувале со вера да ги согледаат белите облеки, круните и палмовите гранки што ќе ги добијат победниците кога најпосле ќе се соберат околу големиот бел престол. (Делата на апостолите, стр. 153. оригинал)

О, кога сите би можеле да сфатат колку небото е близу до земјата! Кога децата родени на земјата не се ни свесни за тоа, во нивно друштво се наоѓаат ангелите на светлината. Еден нечуен и невидлив сведок ја чува секоја жива душа, настојувајќи да ја привлече кон Христа. Небесните суштества ги следат луѓето сè додека постои надеж за нив, додека со своето противење на Светиот Дух не ја запечатат својата вечна пропаст. ((Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 366. оригинал)

Во сите векови ангелите биле крај Христовите верни следбеници. Силниот сојуз на злото е нареден во борбени редови против оние што ќе победат, но Христос сака да го видиме она што е невидливо, небесните војски улогорени околу оние што го љубат Бога за да ги ослободат. Никогаш нема да дознаеме од кои опасности, видливи и невидливи, сме биле сочувани со посредување на ангелите сè додека во светлината на вечноста не ги согледаме Божјите провиденија. Тогаш ќе знаеме дека целокупното небесно семејство се интересирало за нас овде долу, и дека весниците од Божјиот престол постојано ги следеле нашите чекори. (Копнежот на вековите, стр. 240. оригинал)

2 август - Кога безбожникот ќе се одврати од своите патишта
1 август - На Бога Му е угодно она што е право
31 јули - Ангелите го исполнуваат ветувањето за божествена грижа
30 јули - Ангелите служат на потребите на луѓето
29 јули - Небесните војски и Божјите слуги и се радуваат на службата
28 јули - Ангелите соработуваат со нас
27 јули - Ангелите се радуваат со луѓето во спасувањето на изгубените
26 јули - Ја имаат Христовата радост кога ги гледаат спасените грешници
25 јули - Тие ја шират Неговата радост спасувајќи ги изгубените
24 јули - Тие ја откриваат Господовата радост во своите животи

Pin It on Pinterest