9 октомври – Израел се радувал на посветувањето на Храмот

„Храмот беше завршен во дваесет и третиот ден на месецот Адар. Тоа беше во шестата година на владеењето на царот Дариј. Израелците – свештениците, левитите и Остатокот од повратниците од заточение – го осветија радосно Божјиот Дом.“ (Ездра 6,15.16)

При обновувањето на Господовиот дом, Зоровавел во својата работа наидувал на многубројни тешкотии. Од самиот почеток противниците „ги ослабуваа рацете на Јудиниот народ и им пречеа во ѕидањето“, „па им забранија со вооружена сила“ (Ездра 4,4.23). Но, Господ посредувал во корист на градителите. (Пророци и цареви, стр. 594. оригинал)

Буквално се исполнило ветувањето: „Рацете на Зоровавел го основаа овој дом, неговите раце и ќе го довршат“ (Захарија 4,9) „Јудејските старешини градеа и напредуваа според пророштвото на пророкот Агеј и Захарија, синот на Идо. Изградија и завршија според волјата на Бог Израелов и според волјата на Кир, Дариј и Артаксеркс, цареви персиски. Завршен беше овој дом на третиот ден од месец адар (дванаесеттиот месец), во шестата година од царувањето на царот Дариј“ (Ездра 6,14.15). Набргу потоа, обновениот храм бил посветен. „И синовите Израелови, свештениците, Левитите и другите, што се беа вратиле од пленство, со радост го извршија осветувањето на тој Божји дом.“ (Пророци и цареви, стр. 596. оригинал)

9 октомври - Израел се радувал на посветувањето на Храмот
8 октомври - Јуда пронашол радост во пасхалната свеченост
7 октомври - Јуда се радувал на обновувањето на Храмот
6 октомври - Израел се радувал на Божјата добрина
5 октомври - Израел се радувал што можел да приложи за Храмот
4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување

Pin It on Pinterest