21 aприл – Вечна радост

„Така и вие сега сте нажалени; но пак ќе ве видам, па ќе се зарадува вашето срце, и таа ваша радост никој не ќе може да ви ја одземе.“ (Јован 16,22)

Со Христовата смрт како да исчезнала и последната надеж кај Неговите ученици. Мнозина Христови следбеници биле очевидци на Неговите страдања и смрт, и чашата на нивната болка сега веќе била преполнета. (Рани списи, стр. 178. оригинал)

Часовите на својата осаменост и тага ги поминувале оплакувајќи го своето горко разочарување. Тие очекувале дека Исус ќе владее како земен владетел, но заедно со Него умреле и нивните надежи. Во својата болка и разочарување почнале да се сомневаат дека можеби биле излажани од Негова страна. Дури и верата на Неговата мајка се колебала во Него како во Месија. (Рани списи, стр. 180. оригинал)

Исус станал од мртвите како триумфален Победник. Ангелските чети ја набљудувале оваа сцена со свечена стравопочит. Кога Исус излегол од гробот, тие светлосни ангели паднале пред Него на земјата, Му се поклониле и го поздравувале со песни на победа и триумф. (Рани списи, стр. 182. оригинал)

Исус останал со своите ученици уште четириесет дена, што им причинувало посебна радост во нивните срца, затоа што уште поцелосно им ја објаснил вистината за Божјото царство. (Рани списи, стр. 189. оригинал)

Неговите желни ученици радосно го слушале Неговото излагање, страсно голтајќи го секој Негов збор. Сега им било потполно јасно дека Тој е Спасителот на светот…

Срцата повторно им ги загреала љубов и неискажлива радост кога им рекол дека оди да им подготви место во куќата на Неговиот Татко, и дека повторно ќе се врати и ќе ги однесе засекогаш да останат со Него. (Рани списи, стр. 190. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest