19-ти Ноември – Тој ќе нè избави

„И така, кажи им на Израелците дека Јас Сум Господ; дека ќе ве избавам од теретот што ви го наметнаа Египетците. Ќе ве ослободам од ропството во кое ве држат; ќе ве избавам удирајќи силно и казнувајќи строго.“ (Излез 6,6)

Централната тема на Библијата, темата во која се соединуваат сите останати теми во целата книга, е планот на спасението, обновувањето на Божјиот лик во човековата душа. Од првото навестување на надежта, во осудата изречена во Едем до она последно славно ветување во Откровението: „И ќе го гледаат Неговото лице, и Неговото име ќе биде на нивните чела“, водечката мисла на секоја книга и секој отсек во Библијата е постепеното објавување на таа чудесна тема – подигнувањето на човекот – објавувањето на силата на Бога „Кој ни даде победа преку нашиот Господ Исус Христос.“ Оној што ќе ја разбере оваа мисла пред себе има неограничено поле за проучување. Тој го има клучот кој ќе му го отвори целото сокровиште на Божјата Реч.

Науката за спасението е наука над сите науки; тоа е наука што ја проучуваат ангелите и сите разумни суштества на безгрешните светови; наука која го плени вниманието на нашиот Господ и Спасител; наука која се наоѓа во центарот на планот создаден во умот на Бесконечниот – „тајната, за која се молчеше од вечни времиња“; наука што во текот на бескрајните векови ќе ја проучуваат оние кои Бог ги избавил. Тоа е највозвишеното проучување со кое човекот може да се занимава. Тоа ќе го поттикне умот и ќе ја воздигне душата повеќе од било кое друго проучување. (Воспитување, стр. 125.126. оригинал)

Тој е Оној Кој ја создал човечката душа, со нејзината способност да знае и да сака. И Тој по својата природа не е таков што ќе може да ги остави незадоволени побарувањата на душата… Нам ни е потребно да стиснеме топла рака, да се потпреме на срце полно со нежност. И токму таков е Бог Кој се открива во својата Реч. (Воспитување, стр. 133. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest