9 јули – Не служете како Израел кој паднал

„Бидејќи не сакаше да му служиш на Бога, својот Бог, со весело и радосно срце заради изобилството на сè.“ (Второзаконие 28,47)

Бог ги одбрал Израелците, создавајќи од нив свој народ, со цел преку нив да им го открие својот карактер и на другите народи. Тој сакал тие за светот да бидат извор на спасение. Ним им биле доверени небесните пророштва, откровението на Божјата волја…

Но Израелците како народ го загубиле од вид својот висок позив на Божји претставници. Го заборавиле Бога и не успеале да ја извршат својата света мисија. Благодатите што ги примиле од Бога не му донеле благослов на светот. Сите свои предимства ги искористиле за да се извишат себеси. Се изолирале од светот за да ги одбегнат искушенијата. Ограничувањата што им ги поставил Бог во врска со дружењето со идолопоклониците и кои како заштитно средство требало да ги сочуваат од обичаите и од праксата на незнабошците, Израелците ги искористиле како изговор за подигање ѕид со кој се изделиле од сите други народи. Тие го лишиле Бога од онаа служба што Тој ја барал од нив и не им дале на своите ближни патоказ во верата ниту пример на свет живот…

Еврејските водачи сметале дека се премногу мудри за да им бидат потребни какви било совети; премногу праведни за да им се понуди спасение и премногу славни за да ја прифатат онаа слава што доаѓа од Христа. Спасителот ги напуштил нив за да им ги довери на други предимствата што тие ги злоупотребиле и делото што тие не знаеле да го ценат. (Делата на апостолите, стр. 14-16. оригинал)

Христос им заповедал на Своите следбеници:„Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание“ (Марко 16,15). Не се сите повикани да бидат проповедници или мисионери во вообичаената смисла на зборот; но сите можат да бидат Христови соработници во објавувањето на „радосната вест“ на своите ближни. Заповедта им е упатена на сите, големи и мали, учени и неучени, стари и млади. (Воспитување, стр. 264. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest