24 aприл – Искрено покајание

„Да ги развеселам натажените на Сион и да им дадам венец место пепел, масло на радост место облека на жалост, песна благодарница место очаен дух. И ќе ги викаат Дрвја на Правдата, Господов Расад – за Негова слава.“ (Исаија 61,3)

Иако сме жалосни поради гревот, треба да се радуваме за драгоцената предност што сме Божји деца.

Често жалиме затоа што нашите лоши дела ни донесуваат непријатни последици; но тоа не е покајание. Вистинската жалост поради гревот е резултат на дејствувањето на Светиот Дух. Духот ја открива неблагодарноста на срцето што го омаловажувало и жалостело Спасителот и во понизност нè води кон подножјето на крстот. Со секој грев одново го рануваме Исуса и кога ќе го погледнеме Него, кого сме го проболе, плачеме поради гревовите што му нанеле страдања. Таквото плачење ќе ни помогне да го отфрлиме гревот…

Солзите на оној што се кае се само капки дожд што му претходат на сончевиот сјај на светоста. Оваа жалост огласува радост што ќе стане жив извор во душата. „Само признај ја својата вина дека си се одметнала од својот Господ Бог“. „И нема веЌе да се гневи моето лице против вас, вели Господ“ (Еремија 3,13.12). На „жалосните во Сион“ Тој решил да им даде „венец наместо пепел, масло на радост наместо жалосно руво, песна благодарница наместо очаен дух“ (Исаија 61,3). (Копнежот на вековите, стр. 300. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest