20 јули – Божјите слуги се среќни кога работат со Бога

„Развесели ја душата на Својот слуга, зашто кон Тебе, Господи, ја издигам својата душа.“ (Псалм 86,4)

Лицата на мажите и жените што одат и работат со Бога покажуваат небесен мир. Опкружени се со небесна атмосфера. За овие души почнало Божјето царство. Тие имаат Христова радост, радост што е благослов за човештвото. Тие уживаат чест – прифатени се да Му служат на Учителот; ним им е доверено да ја извршуваат Неговата работа во Негово име. (Копнежот на вековите, стр. 312. оригинал)

Веста на евангелието и дело на службата на љубовта, Бог можел да им ги довери на небесните ангели. Можел да се послужи и со други средства за да ја исполни Својата намера. Но во Својата безгранична љубов Тој решил нас да нѐ стори свои соработници, Христови и ангелски соработници, за да можеме да ги уживаме благословите, радоста и духовната поткрепа, плодовите на таа несебична служба. (Патот кон Христа, стр. 79. оригинал)

Доколку Христовата љубов го исполнува нашето срце и го контролира нашиот живот, лакомството, себичноста и љубовта кон задоволствата ќе бидат победени и ќе ни биде вистинско задоволство да ја твориме волјата на Оној за чии слуги се сметаме. Нашата среќа ќе биде соодветна на нашите несебични дела, на кои ќе нè поттикнува Христовата љубов. (Сведоштва за црквата, вол. 3. стр. 382. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest