16 ноември – Послушноста кон Законот носи радост

„Господи, копнеам за Твоето спасение, се насладувам во Твојот Закон.“ (Псалм 119, 174)

Каков е само нашиот Бог! Тој владее со Своето царство вредно и грижливо, Тој подигнал ограда – Десетте заповеди – околу своите поданици за да ги сочува од последиците на престапот. Барајќи послушност на законите на Своето царство, Бог на Својот народ му осигурал здравје и среќа, мир и радост. Тој на Своите поданици им покажал дека совршенството на карактерот што го бара може да се стекне единствено преку запознавање со Неговото слово. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 454)

Таму каде што постои не само верување во Божјата реч, туку и прифаќање на Неговата волја, каде што срцето му се потчинило Нему, каде што чувствата се насочени кон Него, таму има вера ­ вера која работи низ љубовта и ја чисти душата. Со таа вера срцето се преобразува и добива Божји лик. А срцето, кое во својата непреродена состојба не му се покорувало на Божјиот закон, а и не можело, сега ужива во неговите свети прописи извикнувајќи заедно со псалмистот: „Законот твој неизмерно го љубам и по цел ден за него размислувам“ (Псалм 119,97). (Патот кон Христа, стр. 83. оригинал)

17 ноември - Бог ќе го запише во моето срце
16 ноември - Послушноста кон Законот носи радост
15 ноември - Речта е светлина по која многумина копнеат
14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч
13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа

Pin It on Pinterest