18 јуни – Радости и таги

„И точно тоа ви го пишував, за да не бидам, кога ќе дојдам ожалостен од оние, кои би требало да ме радуваат; уверен во сите вас, дека мојата радост е радост и на сите вас.“ (2. Коринтјаните 2,3)

Во меѓусебното однесување со другите, секогаш ставете се во нивната положба. Настојувајте да ги сфатите нивните чувства, нивните тешкотии, нивните разочарувања, нивните радости и нивните таги. Изедначете се со нив и постапувајте со нив онака како што самите би сакале тие да постапуваат кон вас кога би биле на нивно место. Тоа е вистинскиот закон на честитоста. Со други зборови, тоа е она друго изразување на законот: „Возљуби го својот ближен како себеси“ (Матеј 22,39). А тоа е и суштината на учењето на пророците, принцип на небото кој ќе се развие во секој оној што се подготвува за светата заедница на Небото.

Ова златно правило е основа на секоја вистинска љубезност, а најверно е прикажано во животот и карактерот на Исус. О со каква благост и убавина зрачел секојдневниот живот на нашиот Спасител! Каква пријатна атмосфера се ширела од самото негово присуство! Истиот дух ќе се покаже и во неговите деца. Оние кои живеат со Исуса, ќе бидат опкружени со божествена атмосфера. Нивната бела облека на чистотата ја шири миризбата од Господовата градина. Нивните лица зрачат со небесна светлина, осветлувајќи ја патеката на несигурната и уморна нога. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 134.135. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest