22 јули – Најголемата радост се стекнува со служење

„Еве, Моите слуги ќе се радуваат, од среќа во срцето, а вие ќе викате од болка во срцето, и ќе пиштите со скрушен дух.“ (Исаија 65,14)

Во нашиот сегашен живот, иако е земски и ограничен со гревот, најголема радост и највисоко воспитување се добива со служење. И во идниот живот, неограничен со грешна човечка природа, наша најголема радост и наше највисоко воспитување ќе наоѓаме во служењето – во сведочењето, и во постојаното учење во текот на сведочењето „колку е богата славата на оваа тајна“ – „Христос во вас, надеж на славата“ (Колосјаните 1,27). (Воспитување, стр. 309. оригинал)

Ние не ја сфаќаме својата вистинска положба како Христови следбеници. Немаме правилна претстава за својата одговорност во својство на вработени Христови слуги. Тој нè поттикнал со наградата на Својот страдалнички живот и Својата пролеана крв за да нè врзе со доброволна служба за Себе. Сите добра што ги имаме ни ги позајмил нашиот Спасител. Тој нè направил Свои повереници. Нашите најмали прилози, нашите најскромни услуги, направени со вера и љубов, можат да бидат посветени дарови во служба на Учителот за придобивање на душите и за издигнување на Неговата слава. Интересите и напредокот на Христовото царство мораат да ни бидат поважни од сè друго во животот. Оние на кои личните задоволства и себичните интереси им се главна цел во животот не можат да бидат верни повереници.

Оние кои се откажуваат од себе за да им прават добро на другите и кои сами себеси и сè што имаат го посветуваат во Христовата служба, ќе доживеат среќа по која напразно копнеат себичните луѓе. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 397. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest