5 јануари – Нека се радуваат праведниците

„Нека се радуваат праведните, нека Му пеат на Бога, нека воскликнуваат од радост.“ (Псалм 68,3)

Што и да се прави во слава на Бога, треба да се прави со радост, а не тажно и стушено. Во Христовата религија не постои ништо мрачно. Ако христијаните со својот мрачен изглед оставаат впечаток дека се разочарале во својот Господ, тие лажно го претставуваат Неговиот карактер и сами им ставаат аргументи на Неговите непријатели. Иако може со зборови да тврдат дека Бог е нивен Татко, со својот потиштен и мрачен изглед, и со својата тага, на светот му изгледаат како сирачиња.

Христос сака служењето на Бога да го прикажеме привлечно, токму онакво какво што е. Своите самооткажувања и тајните искушенија на нашето срце, треба да му ги откриеме на нашиот Спасител, кој е полн со сочувство. Својот товар треба да го оставиме во подножјето на крстот и да продолжиме по својот пат радувајќи се во љубовта на Оној кој прв нѐ засака нас. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 88. оригинал)

14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч
13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните

Pin It on Pinterest