„Омразени му се на Господа лошите мисли, а чистите зборови му се мили.“ (Пословици 15,26)
Кога Христос пребива во срцето, ќе има чистота и благородност во мислите и однесувањето. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 24. оригинал)
Во животот на оној кој се учи од Исуса ќе се забележува сè поголема одбивност кон невнимателното однесување, непристојниот говор и грубите мисли. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 24. оригинал)
Ние мораме да се навикнеме да зборуваме со пријатен тон, да се служиме со чист и правилен јазик и со љубезни и учтиви зборови. Благите, љубезни зборови се како роса и како освежувачки дождец за душата. Писмото за Христа кажува дека од Неговите усни течела благодат и дека знаел „да ги закрепнува уморните со зборови“ (Исаија 50,4). Господ нѐ повикува: ,Вашиот говор секогаш да е со благост, зачинет со сол“ (Колосјаните 4,6). „Никаков лош збор да не излегува од вашата уста, туку само полезен за изградување, каде што е потребно, за да им даде благодат на слушателите“ (Ефесјаните 4,29).(Христови параболи, стр. 336. оригинал)
Љубезните, ведри и охрабрувачки зборови ќе се покажат како поефикасни од најлековитите лекови. Тие ќе му дадат храброст на срцето на оној што е обесхрабрен и без надеж, а среќата и сончевата светлина што ги донесуваат… љубезните постапки и охрабрувачките зборови, десеткратно ќе го наградат вложениот труд. (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 306. оригинал)
Никогаш не дозволувај укор да излезе од твоите усни, зашто тој е како разорен град за оние околу тебе. Нека од твоите усни излегуваат ведри, радосни и љубезни зборови. (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 704. оригинал)
